Светски ден посветен на лицата со Даунов Синдром

- Македонија
850

Со бројни настани, денеска се одбележува Светскиот ден на Даунов Синдром.

Секоја индивидуа денеска може да оддаде почит на лицата со Даунов Синдром носејќи шaрени чорапи, а и со лакирање на ноктите во разични бои. На тој начин се покажува солидарност и се работи на подигнување на свеста за овие лица и нивната инклузија во општеството.

Праксата на носење шарени чорапи  ја започнала организацијата  „Даун Синдром Интернешнл“ за да ги поттикне луѓето да почнат да зборуваат за различности, уникатност, вклучување и прифаќање. Идејата е дека хромозомите изгледаат како чорапи и оттаму е идејата за кампањата „Многу чорапи“ во чест на луѓето со Даунов синдром кои имаат еден хромозом повеќе.

Настани за одбележување на овој ден се организираат во повеќе градови во нашата земја, а во Струга на 24-ти март ќе се одржи трка во чест на лицата со Даунов Синдром.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари