Денеска во Македонија ќе имаме свежо утро, а во текот на денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. УВ индексот ќе има вредност 7, а дневните температури ќе се движат во интервал од 26 до 35 степени. Слично време, со максимални 36 степени низ Македонија ќе преовладува и во сабота. Во недела ќе имаме променливо облачно време, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Извор: УХМР
Facebook Коментари