Верниците од муслиманска вероисповед денеска го прославуваат Курбан Бајрам

- Македонија
849

 

Денеска започна тридневна прослава на празникот Курбан Бајрам. Празник кога верниците од муслиманска вероисповед  почитта кон Алах  ја искажуваат со колење курбан.

Курбан Бајрам се прославува  70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран Светиот куран.

Денеска верниците ги искажуваат посакуваните вредности на благосостојба, желби за мир, здравје и хармоничните односи помењу луѓето, со посета на блиските роднини и пријатели.

Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.

Денес, првиот ден на Курбан Бајрам, е неработен ден за верниците од муслиманската вероисповед во Република Македонија.

Facebook Коментари