Временска прогноза – нестабилно време со пороен дожд и грмежи

- Македонија
749

Денеска во  западните делови од Македонија претпладне и околу пладне ќе преовладува нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Попладне, нестабилноста ќе биде поизразена во југоисточните делови од земјава. УВ – индексот ќе изнесува 6, а дневните температури ќе се движат во интервал од 23 до 32 степени.

Во петок претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне се очекува нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе се движат во интервал од 24 до 31 степен.

Извор: УХМР

Facebook Коментари