Научниците алармираат – речиси секоја трета личност во светот има проблем со дебелина

- Здравје
1114

Прекумерната телесна тежина е сериозен и нередок проблем на светско ниво. Научниците алармираат со податокот дека речиси секоја трета личност во светот страда од дебелина, а во оваа група има и и деца.

Научното списание за медицина New England Journal of Medicine, објави студија според која стапката на дебелина двојно се зголемила од 1980 година во повеќе од 70 земји. Студијата опфатила 195 земји во периодот од 1980. до 2015. година.

Во 2015. година, 2,2 милијарди деца и возрасни имале прекумерна тежина. Околу 700 милиони од нив, вклучувајќи речиси 108 милиони деца биле дебели. Помеѓу 20-те најгусто населени држави, САД има највисока стапка на дебелина кај децата и младите со близу 13%, а 35%. од возрасното население во Египет има проблем со дебелината. Најниско ниво на прекумерна телесна тежина и дебелина има во Виетнам и Бангладеш – околу 1% и во двете категории.

“Прекумерната телесна тежина е еден од најголемите здравствени проблеми на нашето време, кој влијае речиси на секое трето лице”, изјавил aвторот на студијата Ашкан Авшин од Институтот IHME во Сиетл.

 

 

 

 

Facebook Коментари