Временска прогноза – облачно со врнежи од дожд

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд посебно во западните делови од земјава. Ќе дува умерен северозападен ветер кој вдолж Повардерието ќе се засилува. Дневната температура ќе се движи во интервал од 10 до 23 степени. Слично време како денешното се очекува и утре, а затоплувањето ќе настапи од четврток, за во петок максималната температура да достигне до 30 степени.

