Временска прогноза – променливо облачно и свежо време

- Македонија
846

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно и свежо време со засилен северен ветер и повремени локални врнежи од дожд особено на североисток. Попладне врнежите ќе престануваат, а УВ индексот ќе има вредност 6. Дневните температури ќе се движат во интервал од 21 до 29 степени.  Утре ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност со умерен до засилен северен ветер и температури од 23 до 30 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари