Временска прогноза – Сончево и топло време, максимална температура до 40 степени

- Македонија
814

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе дува северозападен ветер кој на север и вдолж Повардарието ќе се засилува. Попладне, претежно во североисточните делови ќе има услови за нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. УВ индексот ќе има вредонст 9, а дневните температури ќе се движат во интервал од 30 до 40 степени. Од петок започнува заладувањето кога максимланите температури ќе достигнат до 36 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари