Патот до магијата го поплочи џез составот „Форплеј“ – започна фестивалот „Охридско лето“

- Локални
796

57-то издание на Охридско лето го доживеа својот гламурозен почеток, како што и се очекуваше земајќи во предвид дека станува збор за фестивал кој веќе 57-години негува традиција на висина на задачата. Џез составот „Форплеј“ придружуван од Македонската филхармонија го поплочи патот до магијата и сосема го долови мотото под кое „Охридско лето“ се одржува оваа година.  Бројната публика во преполниот Антички театар доживеа ноќ за паметење.

Означувајќи 57 години постоење на фестивалот „Охридско лето“, годинава ќе се одржат 57 културни  настани кои ќе ги задоволат и најистанчените вкусови во областа на музиката, балетот, театарот и сето она што се вика уметност во нејзината најсофистицирана смисла на зборот. Во следниве четриесет магични ноќи својата маестралност од сите области во уметноста годинава ќе ја покажат уметници од  Русија, САД, Канада, Австрија, Кина, Индонезија, Израел, Италија, Франција, Германија, Полска, Хрватска, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија, Ерменија, Турција и Грција.

Според најавената програма, утре 14.07 со почеток во 20 часот и 30 минути на сцената на Долни Сарај ќе биде одиграна балетската претстава „ЛА ЛА ЛА“ на Македонската опера и Балет.

Извор: Strugaonline

Фото: Strugaonline

 

 

Facebook Коментари