Временска прогноза за вторник

- Македонија
874

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен западен ветер. Попладне во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд со ретки грмежи. Дневните температури ќе се движат во интервал од 19 до 29 степени.

Топлото време ќе продолжи до петок.

Извор : УХМР

Facebook Коментари