Најмногу цигари се конзумираат во Кина, Македонија на четврто место

- Свет
1035

 

Податоците од Светската здравствена организација говорат дека Кина е на врвот на листата по конзумирање на цигари.  Возрасните кинези пушат во просек по 4.124 цигари годишно.

Веднаш зад  Кина е  Белорусија, со 3831 испушена цигари годишно по човек, а првите три места ги заокружува Либан со 3.023 цигари.
Македонија се наоѓа на четвртото место.  Според податоците на СЗО во нашата држава годишно се пушат по 2.732 цигари на човек, а после Македонија на листата е Русија со 2.690 цигари.
Најмалку цигари консумираат граѓаните на Гвинеја, само 15 цигари годишно на човек.
Во 68 земји во светот од вкупно 182, просечно се пуши по помалку од една цигара дневно, кај возрасните, а во 61 земја се консумираат повеќе од 1.000 цигари на еден возрасен човек, на годишно ниво.

Facebook Коментари