ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во текот на ноќта имаше претежно мала, а во централните и источните делови умерена облачност. Утрово е променливо облачно. Дува слаб до умерен ветер со променлив правец.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степен. УВ=6
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
До недела под влијание на циклонска активност времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Во текот на овој период се очекува на места да наврнат над 30 л/м2. Температурите ќе бидат во опаѓање и под просекот за овој период од годината. Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.
Извор: УХМР
StrugaOnline
Facebook Коментари