Втор ден жалост за жртвите од автобуската несреќа

- Македонија
459

Во земјава денеска  е втор ден на жалост по  сообраќајната несреќа на македонскиот автобус што вчера се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија, при што загинаа 45 патници, а седум се повредени.

Владата вчера прогласи тридневна жалост (23-ти, 24-ти и 25-ти ноември) на територијата на целата држава за жртвите од трагичната сообраќајна несреќа. За време на деновите на жалост државното знаме на сите институции, како и на дипломатските претставништва на земјава во странство, се истакнати на половина копје, а одложени се сите јавни настани.

Денешниот е ден на жалост и во Бугарија и во Косово.

 

Facebook Коментари