За влез во Србија, БиХ и Црна гора повторно е потребен ПЦР тест за македонските граѓани

- Македонија
496

Граѓаните на Република  Северна Македонија нема да можат да патуваат во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина без приложување на негативен ПЦР тест, соопшти Владата.

-Се известуваат граѓаните дека согласно влошувањето на состојбата со COVID-19 пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест, кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји, се наведува во владиното соопштение.

Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа. Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епидемиолошка состојба во регионот, во деновите кои следат ќе ја ревидираат одлуката за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Северна Македонија, без ПЦР тест. -стои во владиното соопштение.

Strugaonline

Facebook Коментари