Заев: Конечниот датум за избори е 15ти јули

- Македонија
517

На денешната прес-конференција, лидерот на СДСМ Зоран Заев информираше дека изборите ќе се одржат на 15-ти јули.

„Ни треба целосно функционална демократска Влада. Само така есента ќе ја дочекаме спремни. Мораме да си ги спасиме државата и народот, поголема криза од оваа нема да можеме да издржиме со техничка Влада. Преземаме чекор веднаш да заврши оваа игра на нерви. СДСМ ја покажува својата големина, за да не страда народот, го заклучуваме 15 јули како конечен, последен и единствен датум на избори на кој гарантирам, ќе учествува и опозиција. И Мицкоски ми потврди дека ќе учествува на избори“ рече Заев.

Toj  истакна дека очекува сега и Мицкоски јавно да каже дека се согласува.

Facebook Коментари