Овој пост е востановен во чест на светите Господови апостоли. Во овој пост се пости вака: во среда и петок не се јаде масло и вино; во понеделник, вторник и четврток се дозволува масло и вино, а во сабота и недела – масло и риба.
Петровденскиот е еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородични, Божикни), започнува од првата недела по Духовден. Траењето на постот е различно и зависи од периодот на празнување на Пасха. Петровденскиот пост најмногу може да трае шест недели, а најмалку една недела.
Постите траат до празникот Петровден кој се празнува на 12-ти јули.
Strugaonline
Facebook Коментари