Изминатиов викенд МВР регистрирало 2536 прекршоци за неносење лична заштита

- Македонија
414

Изминатиот викенд констатирани се вкупно 2536 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 620 прекршоци во изминатото деноноќие.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат извршени се 1166 контроли во објекти при што евидентирани се 7 објекти кои не ги почитувале одлуките на владата, од нив 268 контроли се извршени во изминатото деноноќие.

На територијата на целата држава на вкупно 1331 лице им се издадени решенија за изолација, а 365 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што евидентирани се 8 лица кои не ги почитувале овие мерки.

Во државен карантин се спроведени вкупно 235 лица.

Министерството за внатрешни работи во континуитет презема мерки за контрола на почитување на одлуките на владата поврзани со справување со пандемијата од Ковид 19.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари