Зголемено е нивото на сите водотеци и езера низ државата, реката Сатеска е една од најкритичните

- Македонија
427

Според Синоптичката Информација од утрово, најмнугу дожд има: 48 Пожаране, 39 Тетово, 36 Виница, 34 Крушево, 26 Скопје-З.Рид, Охрид, Гевгелија, Ѓуриште, 25 Битола, 23 Д.Капија, 22 Скопје-Петровец, Прилеп, 21 Куманово, 20 Штип, Струмица, Дојран, 16 Кр.Паланка, Берово, 12 Претор. Се очекува врнежите да продолжат, но посилен интензитет на југот и југоистокот од земјата.

Врнежите кои паднаа во изминативе 24 часа дополнително ги зголемија нивоата кај сите водотеци и езера низ државата.

На сите хидролошки станици од националната хидролошка мрежа има пораст на водостоите, а особени покачувања има кај р.Вардар – горен тек, каде на Јегуновце во однос на вчерашните податоци забележано е  покачување од  114 cm, р.Лепенец кај Скопје 45 cm, на р.Вардар во Скопје 45 cm, на р.Треска – Македонски Брод покачување од 87 cm, на р.Црна – Новаци 100 cm, р.Радика – Бошков Мост 66 cm. Кај езерата во однос на минатиот понеделник бележиме покачувања и тоа кај Охрид од 9 cm, кај Преспа од 4 cm,  кај Дојран од 1 cm.

Од терен има информации за локални излевања на р.Вардар кај Рашче, на р.Крива и Пчиња во кумановскиот регион, водотеци во Охридскиот и Битолскиот регион. Поради заситената почва со влага има и појава на заезерување во одредени рамници и делови на Пелагонија, Полог и други.

Во однос на временската состојба, се очекува сите водостои кај водотеците и езерата и понатака да бидат во покачување, а како најкритични УХМР ги посочува реките Вардар горен и среден тек, р.Треска, р.Лепенец, р.Пчиња, р.Крива, р.Црна, р.Радика, р.Сатеска и нивните притоки. Во текот на денот дококу има појава на интензивни врнежи на југот и југоистокот, се очекува продолжен пораст на водостојот и на водотеците од овој дел на државата и тоа реките Брегалница, Струмица, Анска, Тркајна и други.

УХМР препорачува на внимателно движење покрај водотеците, суводолиците и во клисурите, поради можност од појава на големи води, излевања, свлечишта и одрони.

Facebook Коментари