11 февруари – Меѓународен ден на жените и девојките во науката

- Свет
151

„Меѓународниот ден на жените и девојките во науката” 11 февруари и оваа година УНЕСКО и UN-Women го одбележуваат во соработка со институциите и партнерите од граѓанското општество кои имаат за цел да ги промовираат жените и девојките во областа на науката.

Овој ден е уште една можност да се промовира целосен и еднаков пристап и учество во науката, технологијата и математиката за жените и девојките. Родовата еднаквост е глобален приоритет за УНЕСКО, а поддршката на младите девојки, нивното образование и нивната целосна способност да ги слушнат своите идеи се основи за развој и мир.

Овој ден е воспоставен на 22 декември 2015 година со одлука на Генералното собрание на ОН да почне да се одбележува годишен Меѓународен ден за признавање на критичната улога на жените и девојките во науката и технологијата, преку Резолуцијата A/RES/70/212.

На овој Меѓународен ден на жените и девојките во науката, пораката која се испраќа е дека на жените им треба наука, а на науката и се потребни жени. Само со искористување на сите извори на знаење, сите извори на таленти, можеме да го отклучиме целосниот потенцијал на науката и да се соочиме со предизвиците на нашето време.

StrugaOnline

Facebook Коментари