Лев банер Десен банер

Експлозија во рудник во Иран, најмалку 35 лица загинаа

Најмалку 35 лица загинаа во експлозија во рудник за јаглен која се случи во северниот дел на Иран. Според јавувањата на локалните медиуми несреќата се случила вчера во 12 часот и 45 минути по локално време   при  примопредавње на смена.

Околу 50 рудари биле  заглавени во тунел долг два километри кој бил исполент со гас и ги попречувал напорите на спасувачките тимови. Во рудникот се вработени 500 рудари. Експлозијата се случила во рудникот Земестанјурт на околу 14 км од градот Азадсхар.

error: