Денеска во Македонија се одбележуваат 114 години од смртта на Гоце Делчев

- Македонија
1804

Македонија денеска одбележува 114 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Како историски податок е познато дека Делчев на 4 мај 1903 година бил убиен од страна на турската војска во селото Баница.

По повод одбележување на денешниот ден, делегација на Владата на Република Македонија ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, а потоа и пред споменикот на Делчев на плоштадот „Македонија“.

Во МАНУ денеска напладне ќе биде доделена државната награда  „Гоце Делчев“ 2017, која се доделува за особени значајни остварувања од интерес на Република Македонија од областа на науката.

Facebook Коментари