Шест лица биле убиени вчера во Венецуела на протестите кои се одржуваат против изборите за уставотворно собрание, кои беа распишани по инсистирање на претседателот Николас Мадуро.
Во западната држава Тачира, до границата со Колумбија, биле застрелани две момчиња на 13 и 17 години, а малку пред тоа животот го загуби и еден војник. Во Каракас беа убиени уште три лица, соопшти обвинителството.
Во целата земја владее напнатост и хаос. Во текот на ноќта во сабота спроти недела беа убиени кандидат за уставотворно собрание и лидер на опозицијата.
Facebook Коментари