Македонија го освои шестото место на СП во Алжир

- Спорт
770

Младинската репрезентација на Македонија го освои шестото место на СП во Алжир, а со тоа и официјално стана шеста сила во светот. Во борбата за петтото место младинците загубија од  Унгарија со 26-22 (14-11).

Шестото место следуваше после низа грешки во дуелот со Унгарија и неискористените можности за враќање во играта.

Почетокот на натпреварот се одвиваше одлично за нашата репрезентација, но потоа следуваше период кој ја однесе репрезантацијата неколку чекори наназад.

По 20 минути игра, Унгарците поведоа со 11-9, тогаш Темелковски го побара првиот тајм-аут, а Унгарија се погрижи да ја одржи својата предност.

Вториот дел започна со промашување на Кузмановски, по што следуваше исклучување на Талески. Даниловски одбрани пенал, а првиот гол во вториот дел го постигнавме во 35. минута за резултат 14-12.

Македонските младинци направија многу технички грешки, а не ги искористија ниту исклучувањата на играчи во редовите на Унгарија.

Унгарците ја искористија секоја грешка на нашата репрезентација и заслужено славеа со  (26-22).

Марко Нелоски со 6 гола беше најефикасен од нашата репрезентација , а по 4 постигнати голови имаа Марио Танковски, Филип Кузмановски и Филип Талески. Мартин Томовски имаше 18 одбрани. Во редовите на Унгарија најефикасен беше Марк Ковач со 8 погодоци.

Facebook Коментари