Падот на хеликоптерот и смртта на кошаркарската легенда Коби Брајант и неговата ќерка Џиана го потресе целиот свет.
Во текот на вчерашниот ден локалната полиција од Лос Анѓелес одржа прес-конференција и ги објави официјалните информации.
Покрај Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиана, загинале уште седум лица.
Трагичната смрт на легендарниот кошаркар ги погоди спортистите ширум светот, посебно оние на кои Коби им беше спортски идол.
Инаку, токму синоќа еден од неговите најголемите пријатели, Леброн Џејмс го помина на листата на поентери во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот. Последната порака на Коби за светот беше упатена токму кон Леброн.
„Продолжи да ја менуваш играта Кралу Џејмс. Голема почит за тебе пријателе 33 644“, напиша Коби на Твитер.
Facebook Коментари