Време-Облачно со локални врнежи од дожд

- Македонија
378

Денеска претпладне  ќе преовладува облачно време со локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со снег. Попладне врнежите ќе престануваат и ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб северозападен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 0 до 9 степени. Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот со локален дожд во западните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено во западните делови. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 7 до 13 степени.

Извор: УХМР

 

Facebook Коментари