Лев банер Десен банер

(ВИДЕО): Сплит и последиците од пожарите кои пустошеа изминативе два дена

На каналот youtube се објавени снимки кои покажуваат каков пустош оставија зад себе пожарите кои го зафатија Сплит изминативе два дена.

 

Хрватските медиуми објавија дека на планината Мосор и денеска има пожар. На терен се повеќе од 200 пожарникари, а доколку има потреба во гаснењето ќе се вклучи и војската.

Хрватскиот министер за одбрана вчера поднел оставка, откако претседателката Колинда Грабар Китаровиќ изјавила дека војската можела и порано да реагира во гаснењето на пожарот и истиот да се спречи да се прошири.

Министерот Дамир Крстичевиќ истакнал дека војската била прва што дошла на терен и помогнала, но според правилата пропишани со закон, Армијата реагира кога ќе биде повикана.

Освен во Сплит, пожари имаше во неколку региони од Хрватска, а  ситуацијата беше  слична и во  Црна Гора

 

 

 

 

 

error: