Лев банер Десен банер

Балетското студио „Бах“ наскоро пред струшката публика со Балетската претстава „Временска машина“

Балетското студио „Бах“ на големо ја подготвува Балетската претстава „Временска машина“ со која пред струшката публика ќе се претстави на 21-ви септември во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ со почеток во 19:00 часот.
„Ние можеме да го вратиме времето назад“- велат од Балетското студио „БAX“, а за што точно станува збор останува да открие вашата фантазија.
„БАХ“ постои дваесет и четири години, а своите годишни концерти за кои секогаш се бара карта повеќе, ги практикуваат цели 18 години. Балетското-концертно полнолетство доаѓа на 21-ви септември, а истовремено го враќа времето назад.

Детали околу билетите и сите други потребни информации наскоро на нашиот портал.
StrugaOnline

error: