Магазинот „People“ по петти пат ја прогласи актерката Џулија Робертс за најубава жена на светот. Познатата актерка на насловната страна на „People“ за прв пат се појави како најубава жена на светот во 1991 година. 26 години подоцна таа докажува дека и во 49та година од животот освојува со својата природна убавина и единствена енергија.
„Многу сум поласкана” – скромно прокоментирала Џулија, за магазинот „People“
Со освојувањето на оваа титула по петти пат, Џулија Робертс е апсолутна рекордерка.
Инаку, оваа прекрасна актерка е во среќен брак веќе 14 години, и е мајка на три деца.
Facebook Коментари