(ВИДЕО): 10 годишно девојче – тапанар, ја освои Данска

- Музика
1128

Џоан Астрид е 10 годишно девојче од Данска кое ја шокира публиката и жири комисијата појавувајќи се на талент шоуто Denmark’s Got Talent. Во видеото ќе имате можност да видите и слушнете феноменални музички изведби на тапани кои освен Данска, го освоија и светот. Астрид беше миленичка на жирито и публиката уште од првата аудиција кога изненади со неверојатната изведба на „Killing In The Name“ од Rage Against The Machine.  Потоа, следеше изведбата на „Whole Lotta Love“ од Led Zeppelin. По завршувањето на финалето од ова шоу девојчето си  заминало дома со  награда во износ од 250.000 дански круни. Вели дека парите планира да ги потроши  за обука за свирење на тапани.

“Се надевам дека ќе имам можност да настапам и на други места и евентуално да станам член на вистински бенд. Не сум размислувала многу за ова, но едноставно знам дека треба да бидам тапанар кога ќе пораснам..” изјавила за данските медиуми.

Facebook Коментари