ЕГЗИТ посилен од било кога: Потврдија и Џејсон Деруло и Рошин Марфи!

- Забава
911

Откако доаѓањето на Петроварадинската тврдина за овој јули го потврдија „Д Килерс“ (The Killers), Лијам Галагер (Liam Gallagher), „Јиарс енд јиарс“(Years & Years), Раг’ен’Боун Мен (Rag’n’Bone Man), Џејк Баг (Jake Bugg), Хардвел (Hardwell) и бројни други, овогодишната ѕвездена програма на ЕГЗИТ фестивал стана уште посилна со двајца нови хедлајнери! Суперпопуларниот американски пејач и автор на ударните хитови на денешницата Џејсон Деруло(Jason Derulo) доаѓа на ЕГЗИТ за да ја создаде вистинската саботна лудница на 8-ми јули на главната фестивалска бина на Балкан! Со дури 11 платинести синглови продадени во над 50 милиони примероци и три милијарди „Јутјуб“ прегледувања за повеќе од 20 милиони фанови на социјалните мрежи, Деруло е денес во најтесниот круг на водечките светски музички ѕвезди и тоа на возраст од само 27 години! Само албумот „Tattoos/Talk Dirty“ имаше пет платинести синглови, што во поново време им успева само на ѕвезди како што се Бијонси, Дрејк, Тејлор Свифт и Ријана! Платинестите тиражи ѝ се добро познати и на музичката дива на 21-виот век Рошин Марфи (Roisin Murphy) која во недела доаѓа на ЕГЗИТ со дури три албуми само во изминатите три години! Пејачката на групата „Молоко“ во импресивниот каталог има бројни хитови, а публиката ја почитува пред сѐ по силната уметничка порака која таа најдобро ја пренесува во живо со својот бенд. Нејзините највпечатливи настапи ги освоија во низа водечките светки фестивали, а Рошин се враќа на ЕГЗИТ откако во 2003-та година на фестивалот го прослави својот роденден во епскиот концерт со групата „Молоко“ кој и ден денес се прераскажува поради дотогаш незапаметената енергија пред главната бина, со што овој концерт со право влезе во листата на еден од најдобрите во историјата на ЕГЗИТ фестивал!

Jason Derulo and Roisin Murphy added for EXIT 2017:

Она што Деруло го издвојува од повеќето од останатите ѕвезди е тоа што тој воедно и ги пишува своите хитови, а на почетокот на кариерата својот авторски талент го позајмуваше и на други ѕвезди како што се Паф Деди или Лил Вејн. Неговиот исклучителен талент е проследен и со неверојатна работна етика, а бројните соработници тврдат дека Деруло на секоја објавена, пишува уште неколку одлични песни за кои потоа нема простор на неговите албуми. Оваа година нѐ очекува неговиот петти студиски албум, а најавниот сингл на кој му гостуваат Ники Минаж и Тај Дола Сајн за само месец дена стигна до првите 100 милиони прегледувања на „Јутјуб“! На долгиот список на ѕвезди со кои соработувал се наоѓаат и Стиви Вондер, Снуп Дог, Џенифер Лопез, Хардвел, Питбул, „Ту Чеинз“, Тига, Тимбаленд и бројни други. Откако уште со деби синглот во 2009-та година успеа да се искачи на првото место на американската листа на синглови, неговата доминација на сцената веднаш ја „сними“ Лејди Гага која го поведе на својата „Тhe Monster Ball“ турнеја, а само неколку месеци подоцна го зграпчија и „Д Блек Ајд Пис“. Неговите самостојни турнеи го изградија неговиот денешен првокласен шоу настап, а покрај несекојдневниот талент за пишување музика и пеење, Деруло е и врвен танчер, па не изненадува фактот што како најголемо влијание и пример тој го посочува токму Кралот на поп музиката,  Мајкл Џексон!

Заедно со „Молоко“, Рошин Марфи важи за една од клучните фигури на музичката сцена од доцните ’90-ти години на минатиот век, со неприкосновените хитови и сега веќе музички класики „The Time is Now“, „Sing it Back“ и „Forever More“. Паралелно ја започна и соло кариерата, а нејзните два „Ruby Blue“ и „Overpowered“, ја етаблираа како икона на модерната поп култура. Баш како и на сцената Рошин грациозно се движи и меѓу различните музички жанрови, но и улогите на пејачка, продуцентка, дизајнерка, модел и актерка. Од 2014-та до денес објави дури три одлично оценети албуми „Mi Senti“, „Hairless Toys“ и сѐ уште актуелниот „Take Her Up To Monto“! Бројни медиуми се сложни во одредувањето на единствената позиција која Рошин Марфи ја ужива на светската сцена, па често можат да се прочитаат написи како „арт-поп кралица на авангардата“ или „модна икона“, а не е тајна дека нејзиниот стил беше инспирација за ѕвезди како Лејди Гага со која годинава настапи на најголемиот американски фестивал „Коачела“.

Тимот на ЕГЗИТ годинава поврзува дури четири фестивали во Хрватска, Романија, Србија и Црна Гора во големото ЕГЗИТ Лето на љубовта 2017. „Get EXITed“ спектаклот и своевидниот „Day Zero“ на тврдината, оваа година ќе биде со „Д КИЛЕРС“ на 5-ти јули, по што следува ЕГЗИТ фестивал од 6-ти до 9-ти јули на кој ќе настапат и Лијам Галагер, „Јиарс енд јиарс“, Раг’ен’Боун Мен, Џејк Баг, Пол Калкбренер, Хардвел, Соломун б2б Диксон, Џејми Џоунс, „Блек Кофи“, „Хот Синс 82“, Дјук Думонт, Робин Шулц, Алан Волкер, „Лост Фриквенсис“, Ноизиа, „Фореин Бегарс“, Принцес Нокиа, „Дисчарџ“, „Д Демнд“, „Блек Далиа Мрдер“, Рекондајт и бројни други.

Извор: StrugaOnline

Facebook Коментари