Ед Ширан ја напушта музичката сцена?

- Музика
888

 

Не стивнуваат гласините за наводното повлекување на светски познатиот музичар Ед Ширан од музичката сцена, откако извор на весникот “Дејли стар” пишува дека Шииран кој е носител на наградата “Греми”, размислува да се повлече од јавниот живот.

“Ед постигна речиси сè што може да се постигне во музиката”, изјавил изворот. Според него Шииран “го сака она што го прави и се радува на успехот во моментов, но исто така сака и нормален живот”.

Изворот исто така додал дека  музичарот кој во моментов има врска со Шери Сијборн, би ја поставил кариерата на второ место, ако неговата врска со неа прерасне во брак.

“Кога и ако се ожени, тој сака да ја стави неговата сопруга и децата на прво место, а не својата кариера”, додал запознаениот за “Дејли стар”

Што се однесува до најавените настапи на Ед Ширан, оваа 2017 година меѓудругото ќе помине во знакот на турнејата низ Велика Британија, каде Ширан го држи првото место на повеќето топ листи

Facebook Коментари