Kaролина Гочева ја продолжува концертната турнеа, следна дестинација е Битола

- Забава
891

Oд Авалон продукција информираат дека се познати сите детали околу промотивните концерти на новиот албум „Извор“ на Каролина во Битола.

Концертите ќе се одржат во Домот на културата на 27 и 28 март, со почеток во 20 часот. Исто како и за скопските концерти, концептот ќе биде следен:

Во првиот дел ќе бидат изведени песните од новиот албум на Каролина, додека во вториот дел од концертот ќе бидат изведени најубавите песни од проектот „Македонско девојче“.

Влезниците по цена од 500 денари ќе бидат пуштени во продажба од среда, во 09 часот, преку продажнната мрежа на Купи Карти За Се и онлајн.

Со секоја купена влезница, следува подарок- луксузно дигипак издание од албумот „Извор“.

Strugaonline

Facebook Коментари