Кинеската компанија „Синохидро“ бара дополнители 145 милиони евра за изградбата на автопатот Кичево-Охрид

- Македонија
796

Кинеската компанија „Синохидро“ бара дополнители 145 милиони евра за да ја продолжи изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Изградбата на оваа автопатска делница е стопирана, бидејќи има грешка во трасата.

Според вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев кинеската компанија поставувала неповолни услови кон македонските компании, а Владата имала две опции или да го раскине договорот со нив или да го продолжи и да издви нови средства.

Анѓушев откри дека настанал сериозен проблем пред потпишување на анексот.

– Сега Владата е ставена во позиција да избира помеѓу две зла – првото да го раскине договорот, а второто да го продолжи, но со нови услови, кои се крајно неповолни за дел од македонските компании кои се јавуваат како подизведувачи, рече Анѓушев.

Автопатот Кичево-Охрид во должина од 57 километри почна да се гради во 2014 година и требаше да биде готов во јануари годинава. Цената на потпишаниот договор за овој автопат беше 373 милиони евра, но по откриените бројни нерегуларности и нерешени имотно правни односи се чека на потпишување на анекс на договорот.

Со овие дополнителни средства кои што ги бара кинеската компанија цената на изградба на автопатот од Кичево до Охрид ќе достигне нешто над половина милјарда евра или точно 518 милиони евра, со што ќе стане еден од најскапите автопатски делници изградени во земјава.

Владата најави дека рокот за изградба на автопатот ќе се пролонгира за уште три години, но сѐ уште се чека на потпишувањето на анексите за продлолжување на рокот за градба и за дополнителната сума што треба да се исплати.

извор: Влада на РМ

фото: архива

Facebook Коментари