Лев банер Десен банер

Предновогодишна дружба на децата од школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“

Во прекрасна атмосфера над 70 дечиња од школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“  заедно со пионерската и младинската селекција на КЛ7-Струга во неделата предновогодишно се дружеа и си посакаа многу здравје и успех во Новата Година.


Дружењето заврши со лотарија и убави награди кои ги обезбедија  партнерите на школата. На овој начин младите  ракометните надежи се дружат и забавуваат, а тимот на Школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“ покажува дека освен спортска, има и комплетна програма за активности на децата за нивна социјализација со групата врсници.

Извор и фото: КЛ7

Strugaonline

 

error: