„Новогодишна фолклорна приказна“ од хуманитарен карактер во Охрид

- Локални
790

Во петок (29.12.2017) во Центарот за култура во Охрид  хуманитарен концерт ќе одржи  фолклорниот ансамбл „Бисери“ , концертот носи наслов „Новогодишна фолклорна приказна“.

Настапуваат : Фолклорни групи: Прв состав, втора и трета детска група,  “ВЕСЕЛИ БИСЕРЧИЊА” И ПРЕМИЕРНО “НОВОГОДИШНА ПЕСНА” – (автор Татјана Тренеска) и

ОРКЕСТАР на ФА БИСЕРИ СО СПЛЕТ НА МАКЕДОНСКИ ОРА.

На настанот  ќе бидат поделени новогодишни пакетчиња, а изненадување ќе биде посетата на Дедо Мраз. Во склоп на „Новогодишна фолклорна приказна“ ќе има и новогодишен базар организиран од страна на  Црвен крст, односно продажба на новогодишни украси со хуманитарна намена за деца со ретки болести.

Почетокот е закажан за 18:00 часот.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари