Се мажи македонското девојче, избраникот на Каролина Гочева е уметникот Михаил Корубин

На инстаграм профилот на најголемата македонска музичка sвезда, Каролина Гочева осамна оваа фотографија преку која Каролина со своите фанови ја дели радосната вест дека од својот избраник, познатиот уметник Михаил Корубин добила прстен. Каролина Гочева е една од најуспешните музички sвезди на нашите простори. На македонската музичка сцена е многу години исполнети со хитови, настапи и успеси кои ги постигнува и надвор од нашите граници. Актуелна е со безвременскиот албум „Македонско девојче 2“ кој претставува најсофистициран музички момент во нејзината кариера. Сега, радосини вести дели и во врска со нејзиниот приватен живот.

