Американски научници се на чекор до развивање „таблети за вежбање“

- Занимливо
841

Американски научници се во процес на развивање на „таблети за вежбање“,а целта е да се заменат вежбите за лица кои не се во можност да вежбаат поради физички хендикеп или голема телесна тежина.

Но, овие таблети се добра вест за луѓе кои имаат премногу обврски и не можат да најдат време за физичка активност но и за оние кои не го обожуваат вежбањето, а сепак се свесни за бенефитите кои би го имале доколку се физички активни.

Научниците од институтот „Салк“ во Сан Диего објави резултати за ефектите од апчињата по повеќемесечното тестирање на глувци.

Благодарение на таблетите, глувците успеале 270 минути да трчаат на минијатурна движечка лента пред да го достигнат својот физички лимит. Пред апчињата тие можеле да трчаат 160 минути.

Освен што им се зголемила издржливоста за 70 отсто, глувците што користеле апчиња, за осум дена ја намалиле телесната тежина, а намалено им е и нивото на шеќерот во крвта.

Научниците предводени од Роналд Еванс открија дека апчињата, кои ги нарекле ГВ1516, ја менуваат активноста на речиси илјада гени. Истовремено, тие го забрзуваат согорувањето на мастите и го забавуваат претворањето на шеќерот во енергијата.

 

Facebook Коментари