Струшкиот фестивал N-H // LON го најавува своето прво издание и објавува конкурс за видео арт артисти

Фестивалот на дигитални уметности N-H//LON оваа година во Струга ќе го има своето прво издание и има за цел да ги афиримира современите форми на изразување и креирање како видео арт инсталации, вирутелната реалност, 3D мапинг, мастер класови кои ке третираат актуелни теми поврзани со технолошкиот развиток и електронската музика како адекватен и актуелен израз на нашето време.
https://www.facebook.com/446931339378848/videos/343805062919456/
Технологијата и дигиталните медиуми како алатки на современиот уметник даваат простор за создавање на нова генерација автори кои творат во духот на ова време. Со таа цел фестивалот како партнер и подржувач на македонската независна сцена објавува отворен повик на кој ќе можат да се пријават домашни артисти кои работат видео арт, аудио-визуелни инсталации, кратки експериментални филмови и видео перформанси.
Краен рок на пријавување: 05.05.2019 Недела.
Вашата кратка биографија и опис на делото пратете ги на следната адреса: enhalonfestival@gmail.com со назнака: КОНКУРС ЗА ВИДЕО АРТ ПРОГРАМА

Како хедлајнер на музичката програма е најавен берлинскиот ДЈ и продуцент Ancient Methods – Пионер на модерниот техно звук и амбасадор на берлинската електронска сцена. Еден од ретките продуценти кои со секоја нова плоча ги дефинира и редефинира стандардите на електронската продукција, како и технички врвен DJ кој низ современи електронски форми зближува и реинтерпретира многу музички стилови и култури, од електро и индустриски звуци преку панк и метал, се до класична, медитативна и психоделична музика.
StrugaOnline

