Светски познатата серија „Вил и Грејс“ за неполн месец повторно се враќа на ТВ екраните на големо задоволство на многубројните фанови кои со нетрпение го очекуваат 28-ми септември. Токму на овој датум, на американската телевија NBC ќе биде емитувана првата епизода од новата сезона, а и промотивното видео кое најавува нови лудории на главните јунаци е веќе достапно за јавноста.
Филмската „работилница“ на Вил и Грејс е сместена во Њујорк и се фокусира на животот на адвокатот Вил Труман и неговата најдобра пријателка Грејс Адлер. Во серијата се обработени и ликовите на многу богатата Карен Вокер и Џек Мекфарланд кој има голема желба да стане актер. Оваа серија прв пат е емитувана на NBC далечната 1998 година, а од тогаш има многу фанови и гледачи кои секојдневно се засмејуваат со секоја епизода од серијата.
Facebook Коментари