20 години после трагичната смрт, се уште се паметат најубавите цитати на принцезата Дајана

- Занимливо
1675

Велика Британија, на 31-ви август оваа година, одбележа 20 години од трагичната смрт на принцезата Дајана која загина во сообраќајна несреќа во Париз.

Принцезата Дајана беше позната по својата хуманитарна дејност , префинетиот стил и љубезноста. Меѓутоа, нејзиниот најголем придонес за светот е нејзината улога на мајка на принцовите Вилијам и Хари.

Еве дел од нејзините најубави цитати поврзани со мајчинството:

За емпатијата:

„Сакам моите деца да имаат разбирање за емоциите на другите луѓе, нивните несигурности, човековите невољи, надежи и соништа.“

За пост-породилната депресија.

„После породувањето не се чувствував најдобро, а најголем проблем е тоа што никој за тоа никаде не сака да зборува. Периодот после породување е сам по себе доста тежок, морате да читате многу на таа тема за полесно да поминете низ тешкотиите во тој период. Се будите наутро, а посакувате да не се разбудевте, имате многу малку самопочитување и самодоверба.  Луѓето мислат дека сакате да привлечете внимание, а јас само сакав што побрзо да се почувствувам подобро и да продолжам да ја извршувам својата улога на жена, мајка и принцеза.“

За љубовта кон своите деца.

„Живеам за своите синови, без нив би била сосема изгубена.“

За прегратките

„Прегратките можат да направат многу убави и добри нешта, особено ако се наменети за децата.“

За воспитувањето на децата кое ќе го промени светот

Кога се работи за моите деца, јас ги носам со себе кога работам на проекти за бездомници и сиромашни луѓе. Ги водев да ги видат луѓето кои умираат од AIDS но им кажав дека се работи за карцином. Децата ги носев по разни области за кои не сум сигурна дека некој од ова семејство ги има посетено.

За залагањето за децата

„Јас ќе се борам за своите деца, на кое било ниво и колку и да е потребно, на тој начин еден ден тие ќе ги постигнат своите потенцијали.“

За својата положба:

„Немојте да ме нарекувате икона, јас сум мајка која се обидува да помогне“

Facebook Коментари