Владимир Василевски – Четкар ќе настапи на џез фестивалот „Куманово 2017“

- Забава
1075

 Познатиот виртуоз на гитара, популарен речиси во секој дел од светот, охриѓанецот Владимир Василевски – Четкар за сите љубители на квалитетен џез  ќе настапи на овогодинешното издание на Џез фестивалот „Куманово 2017“.

Фестивалот ќе се одржи на 22-ри септември во Националната установа, Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово со почеток од 20: 00 часот, а покрај секстетот на Четкар ќе настапат и МС Бенд и Филип Стевановски бенд.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари