Одредени студии покажале дека децата на возраст од четири години имаат симпатии кон оние кои ги доживуваат како добри но и популарни, без разлика дали е тоа во градинка или во блиското опкружување.
Научно е докажано дека кога децата ќе наполнат три години, прават разлика помеѓу маж и жена. Тоа значи дека тогаш почнуваат да се идентификуваат со полот на кој му припаѓаат и почнуваат да се интересираат за нештата кои ги прават припадниците на полот спротивен од нивниот. Уште на четири години може да им се случи детска вљубеност. Интересно е тоа што дури и на таа возраст децата знаат да покажат „љубомора“ кон потенцијалната „конкуренција“.
Многу често децата на таа возраст знаат да кажат дека се вљубиле во својата воспитачка или во некоја друга возрасна личност, но светските психолози тврдат дека тоа не треба да биде причина за загриженост кај родителите бидејќи станува збор за мешање на наклоност и вљубеност. Првата најрана вљубеност кај децата може да се јави на возраст од 12 години.
Facebook Коментари