„Епл“ ги промовираше новите црвени смартфони

- Занимливо
577

Американската компанија „Епл“ го претстави својот нов „Ајпад“ таблет и „Ајфон“ во црвена боја, јави весникот „Ју-Ес-Еј Тудеј”.

Таблетот има камера од осум мегапиксели, екран од 25 сантиметри, процесор А9 и батерија со трајност до 10 часа. Ќе биде достапен на пазарот од 24 март.

Црвената боја е идеја на Меѓународниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија.

„Епл“ претстави и нова опција – „Клипс“, со која ќе може да се комбинираат видеа, музика и слики и таквата монтажа да се објави на социјалните мрежи

Facebook Коментари