Нов терористички напад во европските метрополи, четворица мртви и дваесет повредени во Лондон

- Свет
941

Во терористички напад, загинаа четири, а повредени се 20 лица, меѓу загинатите се напаѓачот и еден полицаец, јави „Гардијан“.

Напаѓачот со автомобил се втурнал во група пешаци на мостот што води до Парламентот, а потоа со нож прободел полицаец пред Вестминистер. Напаѓачот потоа бил застрелан од полицијата.  Лекар, од болницата Свети Томас изјави дека голем број лица се повредени, од кои некои се со „катастрофални“ последици, јави Би-Би-Си.

Никој засега не знае кој стои зад овој напад во Лондон, кој доаѓа по подолго време на релативна безбедност на улиците, а посебно на британските јавни институции.

Facebook Коментари