Хорор од длабочините на океанот!! Првата снимка на Ајкулата дух.

- Занимливо
810

Химера, позната како “ајкула дух” прв пат е фатена од камерата на северната полутопка.

Истражувачите со помош на камера со далечински управувач ја забележале досега за нив, непостоечка раса на ајкула. Таа е снимена во Калифорниа и на Хаваите.
До сега се верувало дека Химера живее само на јужната полутопка од земјата поточно во океанот околу нова Каледонија, но ловот на стручњаците на институтот го покажува сосем спротивното.
Снимката на “ајкула дух” ја направија геолози од институтот во Монтереј,користејќи камери прикачени на подводен дрон за да можат подобро да ги истражат длабочините на северната полутопка.
Химерите живеат во длабочините на океанот каде што не допира сончевата светлина и затоа ги викаат дух ајкули.
Оваа раса на Ајкули е постара и од динасаурусите а за нив многу малку се знае.
Таа се издвоила од своите роднини ајкули уште пред 300 милиони години.
Се верува дека Химерата нема толку силен стисок со забите како останатите ајкули и дека користи минерализирани забни плочи за да го изеде пленот.
А доста интересно е дека мажјаците имаат полов орган на главата кој по потрба се извлекува и се повлекува.
Химера стана позната откако е снимен филмот “ајкула дух” во 2013 година.
Стручњаците мораат одново до океанот зашто потврда за оваа раса не е само снимката туку мораат да стигнат до нивното ДНК.

Facebook Коментари