Moтивација на денот: Бездомник побарал 1000 денари но не за себе – проверете за што

- Занимливо
1297

За луѓето кои од одредени причини и околности немаат покрив над главата и социјална сигурност многумина имаат предрасуди. Но, оваа вистинска приказна можеби ќе ја промени колективната перцепција. Бездомник побарал пари од Маја Жробецка од Полска, таа решила да застане и да го ислуша човекот, за него нашла време и искрено посветено внимание, па така испраќа добра порака кон целиот свет.

Маја тргнала на шопинг во трговски центар, кога и пришол маж кој бил бездомник и и побарал 60 злоти (1000 ден). Таа застанала и го послушала, а тој и објаснил дека шинтери му го одвеле кучето, негов најверен пријател и дека му требаат парите за да го извади од таму.

Маја на почетокот не била сигурна дека мажот ја кажува вистината но му поверувала доволно за да му дозволи да влезе во нејзиниот автомобил и да го одведе до домот за напуштени и улични кучиња, каде дознала дека и ден претходно човекот се обидувал да си го земе кучето но не му дозволиле зошто немал 60 злоти.

-Платив и ми рекоа дека имам големо срце. Реакцијата на кучето кое се израдува на средбата со својот сопственик беше бесценета и ме направи горда што на некој начин можев да м помогнам на тој човек. Поуката од оваа случка сакам да ја пренесам на сите, да не бидеме така бесчуствителни спрема другите и да немаме предрасуди. Ова не е некоја голема работа, но е нешто што не прави да бидеме луѓе- напишала Маја на својот фејсбук профил.

 

Facebook Коментари