„Добредојдовте во земјата на шампионите – Вози Одговорно“ – Кампања на РСБСП и Вардар

- Македонија
752

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и европскиот ракометен првак „Вардар”, преку заедничка соработка, во наредниот период ќе ја реализираат кампањата „Добредојдовте во земјата на шампионите – Вози одговорно”!

Кампањата ќе промовира внимателно и одговорно учество во сообраќајот, ќе едуцира за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи. Со оваа кампања, ракометниот клуб Вардар, како општествено одговорен бренд ќе даде придонес за подигнување на сообраќајната култура кај сите учесници во сообраќајот.

Кампањата „Добредојдовте во земјата на шампионите – #Вози одговорно” со јавноста ќе комуницира и преку слоганите:
„Шампионите возат одговорно”,
„Црвен картон за некултурата во сообраќајот”,
„Биди тимски играч – дај им предност на пешаците”
„Тајм аут – закочи пред да биде предоцна”.

Кампањата која ќе биде присутна во печатените, електронските и социјалните медиуми, ќе биде промовирана и во спортските центри во кои настапуваат нашите европски шампиони.

Предвидено е на граничните премини за влез во Македонија да бидат поставени едукативни постери на англиски јазик, наменети за информирање и едуцирање на странските возачи кои влегуваат во Република Македонија.
РСБСП и РК Вардар апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат безбедно и одговорно, да се однесуваат тимски на патиштата и да бидат шампиони со своето позитивно и одговорно однесување во сообраќајот.

Кампањата ќе се реализира во две фази. Првата фаза започнува денес и ќе трае шест месеци.

Извор:rkvardar.mk

Strugaonline

Facebook Коментари