Нумеролозите тврдат дека датумот на кој го кажувате судбоносното „да“ ја одредува заедничката иднина. Откријте го својот број и дознајте каков брак ве очекува.
Како да го пресметате бројот?
Соберете броевите од датумот на венчавката и собирајте се додека не добиете едноцифрен број. На пример, ако датумот на вашата венчавка е 26.01.2006, вашиот број е 8.
1 – Романтичен и нежен пар
Со овој датум владее Сонцето, тоа значи дека во оваа брачна заедница најважни се оптимизмот и меѓусебната доверба.
Изборот на датумот на венчавка чии збир е 1 открива дека сте многу вљубен и нежен пар. Најверојатно и вашата прва средба била многу романтична , а забавувањето незаборавно. Пред да се одлучите за брак, сте се анализирале помеѓу себе бидејќи и двајцата сакате вашиот брак да успее.
2-Децата се единствена причина за брак
Со ваквиот брак владее Месечината. Ако сте се одлучиле за датум кој го дава бројот 2 можни се две крајности. Или ќе сакате церемонија со најблиските или ќе ја сакате најголемата и најраскошната церемонија.
Многу важен сегмент за успех на бракот кој го носи бројот два е емоционалната зрелост на двата партнери, а значајна причина за склучување на овој брак е желбата за семеен живот и топла семејна атмосфера. Можно е единствена причина за овој брак да биде создавањето потомство.
3 – Брак од интерес
Венчалниот ден со број 3 совршено одговара за брачен договор во кој има многу интерес. Ако од ваквиот брак очекувате премногу, според нумеролозите ви претстои разочарување. Ова е врска која ја владее Јупитер , во неа ќе има многу деца. Маана на оваа заедница може да биде недостатокот на силни чувства.
Facebook Коментари