Школа за едрење ова лето во Струга

- Локални
1566

Едриличарскиот клуб „Снегар“ од Струга од месец јуни ја започнува јуниор програмата за едрење која ќе биде наменета за деца на возраст од 6 до 15 години. Младите едриличари ќе бидат обучувани со едрилици од класата „Оптимист“ и ќе имаат можност техниката на едрење да ја совладаат со помош на професионални тренери. Целта на оваа програма е и понатаму да се развива едрењето од страна на младите едриличари кои ќе ја продолжат традицијата на овој локален клуб кој  е познат на светско ниво. Сите љубители на едрењето можат да се пријават и да се стекнат со следниве вештини: техники на едрење, основни регатни правила, безбедност на вода, моделарство и пливање и други техники.

Учесниците на школата ќе бидат групирани според тежината, возраста и искуството. Кампот ќе се одржи во периодот помеѓу 20.06.2017 и 20.08.2017 . Сите заинтересирани, треба да достават пополнет формулар за учество најдоцна до 18.06. 2017 година во Кафе бар Регата.

Покрај формуларот за учество, заинтересираните треба да имаат и лекарско уверение.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари