Лев банер Десен банер

(ВИДЕО) НОВАТА ПЕСНА НА СЛАТКАР “SOUNDTRACK“ НА ФИЛМ

Најактуелниот Македонски хип хоп артист продолжува агресивно да го освојува Бугарскиот музички пазар, деновиве го објави новиот видео запис и песна под наслов “Money“/ Маани.

Песната е “Soundtrack“ наменски изработена за потребите на Привличане/“Attraction“, Бугарски високобуџетен филм, автор на музиката и текстот е самиот Слаткаристика, аранжманот е изработен од Иван Јованов – Iwayo. Спотот изобилува со сцени од филмот, позади режисерската палка на видео записот воедно и филмот се потпишува култниот режисер Мартин Макариев далеку познат по најдобрата ТВ Бугарска серија “Под Прикритие“, премиерата на филмот е закажана за февруари, почетокот на 2018 година.

Кон крајот на 2017 година Слаткаристика има уште неколку концерти во соседна Бугарија меѓу кои и последниот од големата “One Love“ турнеја на 5-ти Ноември во Софија, а веќе почетокот на 2018 година од Јануари ја започнува новата турнеја во соседна Бугарија со концерти во Банско.

Во продолжение погледнете го новото аудио-визуелно дело на Слаткаристика и уживајте.

Strugaonline

error: